Филмот „Зараза“ (Contagion), на кој е прикажано ширење на мистериозен вирус од Кина, за кој многумина мислат дека ја предвидува пандемијата на коронавирус, наскоро треба да го добие своето продолжение.
Филмот го прикажа скоро целиот тек на пандемијата како што ја доживеавме – вирус што потекнува од лилјак, гужви во продавници, полициски час, употреба на маски, привремени болници, како и производство и примање вакцини. Оваа година се зборуваше многу за овој филм. Со својата содржина исплаши илјадници луѓе, но поради тоа, неговата популарност само порасна, иако излезе во 2011 година.
Главните улоги ги толкуваат: Мерион Котиљард, Џад Ло, Гвинет Палтроу, Кејт Винслет, Лоренс Фишбурн и Мет Дејмон.
Сега, режисерот Стивен Содерберг најави дека подготвува „филозофско продолжение“ на филмот. Партнер во новиот потфат же биде Скот Барнс, сценарист на популарниот филм од 2011 година.
Тој истакна дека нема да биде директно продолжување на претходниот филм, но дека ќе покаже дека ќе има „слични идеи и тема“. Експертите се прашуваат дали ова е мудра идеја и дали немаме доволно програми што зборуваат за коронавирусот.