Режисерка која во изминатата деценија остава се поголем впечаток на светската сцена е јапонката Наоми Кавасе. Наградена со специјална награда на Кански филмски фестивал, но и на престижните како Локарно и Ротердам, се повеќе станува забележителна нејзината поетика и препознатлива семиотика на оцртување на филмско сиже.

Нејзините филмови не изобилуваат со апстракни теми, туку човечките митови се претопени во реалистична репрезентација на секојдневието. Еден од повпечатливите филмови на Кавасе е „Сладок грав“. Филм кој на многу едноставна филмска подлога ќе постави мал број на карактери чија основа цел е едноставноста во примањето на животот. Не сомнено Наоми Кавaсе e режисерка со силна визуелна смисла за егзистенцијата на битието соочена со светот.
https://www.imdb.com/title/tt4298958/videoplayer/vi606975257?ref_=tt_ov_vi