Филмот „Улиште“ ги освои трите најзначајни награди на фестивалот Санденс

од Nikola Popovski
270 прегледи

Четврта година по ред, на Санденс, (најголемиот фестивал за независен филм во САД), присутен е проект кој е финансиран од Агенцијата за филм на Р. С. Македонија.  Овој пат тоа е „Улиште“ кој е во малцинска ко-продукција на македонскиот продуцент “Црна мачка продукција, соопштуваат од Агенцијата за филм на С. Македонија.

„Улиште“ ги освои најзначајните награди на Санденс: Најдобар филм, Најдобра режија и Награда од публиката.

Малцинските копродукции стануваат клучен фактор за освојување на светската кинематографија токму преку вакви соработки кои се препознавани од националните агениции за филм.

Филмот „Улиште“ (Hive) на косовската режисерка Блерта Башоли, каде С. Македонија се јавува како земја ко-продуцент со поддршка на Агенцијата за филм во 2018 година е всушност копродукција помеѓу Косово, С. Македонија, Швајцарија и Албанија.

На Санденс во изминатите години бевме присутни преку филмовите: во 2018 “Види ја ти неа” на Горан Столевски (наградата Најдобар интернационален игран филм во категорија на кратки филмови), 2019 “Медена земја” (Големата награда на Жирито, Најдобар документарен филм и Награда за најдобра кинематографија) и во 2020 “Налепница” на Георги Унковски, каде ја имаше својата светска премиера“, велат од Агенцијата за филм.