Филмот за турнејата на Тејлор Свифт би можел да заработи 1 милијарда долари

од Vladimir Zorba

Филмот за концертна турнеја на американската поп ѕвезда, Тејлор Свифт ќе има премиера во кината во САД и во светот на 13 октомври, објавија во вторникот дистрибутерот AMC и пејачката.

AMC сака „Taylor Swift: The Eras Tour“ да се прикажува во 100 земји. „Турнејата не е единственото нешто што сакаме да се случи низ светот“, напиша пејачката на Инстаграм.

„Толку сум возбудена што можам да ви кажам на сите дека филмот за концертот на турнејата „Eras“ официјално доаѓа во кината ширум светот на 13-ти октомври!“, додаде таа.

Тејлор Свифт би можела да заработи милијарда долари од турнејата, за прв пат во историјата.

Филмот би требало да заработи повеќе од 100 милиони долари само во првиот викенд во северноамериканските кина, што е невидено за концерт прикажан во кината.

Слични содржини