1,1K
Во српскиот град Земун вчера се случиле сцени како од акционен филм, откако полицијата тргна во потера по возило „БМВ“ кое беснеело по улиците.
Од автомобилот било пукано во интервентна полициска патрола. Пукањето и бркотницата се случиле околу 16 часот.
Имено, полицијата тргнала во потера по „БМВ“ чиј возач не ги послушал наредбите да застане, пишува „Новости“.
Тој бегал кон населбата Плави Хоризонти испукал речиси 20 куршуми во правец на полицијата.
Припадниците на српското МВР во Белград го уапсиле Драган Ј.(26), кој при обид да избега од полициајта, со своето возило ги загрозил животите на двајца полицајци, а при потерата намерно оштетил три полициски возила, соопшти српското МВР.