Да се збори за современиот филм, а да не се спомне Питер Гринавеј, очигледно не станува збор за арт филм поврзан со сегменти на возбуда, супериорна естетика која не само што го деморализира опкружувањето туку и самиот портрет на карактери. Гринавеј е алката во филмската уметност на дејство, драма, современото и авангардното. Кај овој режисер нема да ве обземе чувството на препознавање на филмската имагинација, туку го отвора патот кон новото и неочекуваното.

Гринавеј е „срамежливо дете“ со апсурден хумор, со чувство за силна деградација на ликови, со засебна одмереност во визуелниот хаос кој го приредува на филмското платно и безмилосен во носење на решенија за патосот. Овој режисер не го надминува моралот туку ја буди свесноста за нашиот смисловен код, како крајна ничеева парадигма за изгубениот човек, кој преку поединецот ќе се обиде да најде смисла на живеењето.
Да се чита Гринавеј низ визуелниот дискурс, не сомнено ќе се забележи дека монтажата е суперирна и моќен адут во филмската приказна, и потсетува на вештиот филмски иноватор Сергеј Ајзенштајн.
Гринавеј е „филмско чудовиште“ бескрајната инспирација за младите филмаџии. Одтука, не сомнено мора да се навратиме во 1989 година, кога Гринавеј го размрда филското гледиште со кинематографското ремек дело „Готвачот, крадецот, неговата жена и нејзиниот љубовник“.
Филмот портретира приказна за насилен анормален брак, свет на капиталисти, мафија и љубовта. Гринавеј преку овој филм дава успешна компарација на луѓето и храната, како краен резултат до абјективниот опшстествен контекст. Главната женска улога ја игра оскаровската, Хелен Мирен. Не сомнено, ова е еден од највпечатливите женски карактери, со една посебна нота на природност и одмереност која е целосен опозит на опкружувањето.
Како жената станува победник во сопствената приказна е емотивната страна на филмот, кој нема да ве стави во позоција да сожалувате туку да подржите бруталност како единствено решение за правдата.
Овој филм, поставен како театарска игра, е вешт перформанс кој вклучува интелигентна игра со светло, музиката по одмереноста на минималистот Мајкал Њуман, сценографија која изобилува со детали и ве става на мостот кон дистопиското општество, а за нејзиниот краен ефект биле ангажирани над 30 професионалци.
Да се гледа Гринавеј е арт нирвана, а неговото разбирање ја поместува границата на човековото однесување, заробено во подредености, очекувања и желби.
Вероника Камчевска