На денешната 79 седница, Владата донесе Одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година за исплати на финансиската поддршка за регистрираните превозници за меѓународен линиски и/или слободен превоз на патници кои ги исполнуваат условите за доделување на помошта од мерки 7 и 8 од петтиот сет на економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД–19.
Со мерката 7 е предвидена финансиска поддршка на компаниите кои вршат меѓународен превоз на патници кои се запишани во регистарот на превозници што се води во Министерството за транспорт и врски, а кои вршат меѓународен линиски превоз на патници. Врз основа на анализата на горенаведените податоци, предлог пресметката опфаќа 50 компании со вкупен број на вработени 951 (со различен број на часови на кои се осигурени). Во предлог пресметката предвидено е да бидат исплатени 13.653.750,00 денари за исплата на компаниите.
Со Мерката 8 – Финансиска поддршка за превоз на патници во патниот сообраќај, е предвидена скалеста поддршка на транспортните компании регистрирани во регистарот на Министерството за транспорт и врски кои поседуваат лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници, при што минималниот износ ќе изнесува 3.000 евра, а максималниот износ на поддршка ќе изнесува 10.000 евра.