Финансиската поддршка за работодавачите за исплата на плати ќе биде скалеста согласно падот на приходите на компанијата

од Aleksandar Petrovski

Финансиската поддршка за работодавачите за исплата на плати ќе биде скалеста согласно падот на приходите на компанијата односно од 14.500 до 21.776 денари по работник. Ова е предвидено со новиот Предлог-закон за финансиска поддршка на работодавци погодени од здравствено-економската криза предизвикана од КОВИД – 19, за што денеска дебатираше Економско-социјалниот совет на својата трета седница.

Финансиска помош се однесува за исплата на плати за октомври, ноември и декември годинава.

На седницата, која се одржа онлајн, а со која заседаваше претседателката на ЕСС и министерка за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, разгледани се поединечно сите членови од новиот предлог закон за што свое мислење можеле да дадат сите членови на ЕСС.

loading...

Слични содржини