Финансиската полиција со претреси на осум локации во Прилеп

од Nikola Popovski
39 прегледи

Основното јавно обвинителство Прилеп информира дека постапува во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување. Акцијата се реализира по налог на надлежните институции и е поврзана со сомневања за евентуални злоупотреби во рамки на прилепската Општа болница со проширена дејност.

Обезбедени се наредби за претрес на осум локации, а дејствијата ги презема Управата за финансиска полиција.

-По претресите, предистражната постапка ќе продолжи со други дејствија за обезбедување докази, информираат од ОЈО.

Повеќе информации за акцијата се очекуваат во текот на денот.

Слични содржини