Финска одлучи да не плаќа гас во рубљи, пишува весникот Хелсингин саномат, цитирајќи фински министер.
Министерот за европски прашања и корпоративно управување Тити Тупураинен (СД) изјави за весникот дека Финска нема намера да се согласи со условите наметнати од Русија за плаќање во рубљи за испораките на гас.
– Во владиниот комитет за економска политика донесовме одлука Финска да не се согласи на плаќања во рубљи. Одлуката е веќе донесена на почетокот на април, вели Тупураинен.
Плаќањето во рубљи е барање на рускиот претседател Владимир Путин, купувачите на гас да отворат свои сметки во Газпромбанк, при што плаќањата би се вршеле во евра или долари, а потоа би се конвертирале во руската валута рубљата. На овој начин Русија би можела да ги заобиколи санкциите и да ја збогати својата каса.
Русија во средата ја прекина испораката на гас за Полска и Бугарија како одмазда за одбивањето да платат во рубљи, но и поради протерувањето на голем број руски дипломати.
Фото: Коллаж / Shutterstock/Fotodom