245
Финска го потврди првиот случај на мајмунска сипаница, соопшти денеска болницата во Хелсинки.
Во средата во регионот на Хелсинки беше откриена инфекција со ортопоксвирус, а сега е секвенциониран геномот на вирусот и потврдено е дека се работи за мајмунска сипаница, објави „Ројтерс“.
Светските здравствени власти алармираат за зголемување на случаите во Европа и други места поради појавата на мајмуни сипаници, која е вид на вирусна инфекција честа во Западна и Централна Африка.