Финска: Украина може да го користи нашето оружје за да гаѓа цели во Русија

од Vladimir Zorba
295 прегледи

Украина може да користи оружје обезбедено од Финска за да гаѓа цели на руска територија, изјавија високи претставници во Хелсинки.

Финскиот министер за одбрана Анти Хаканен изјави дека неговата земја не поставила никакви ограничувања за тоа што Украина може да направи со оружјето што го дава Финска, објави финската телевизија Иле.

„Доколку е потребно, Украина треба да нападне и воени цели на руската страна. Тоа е сосема легитимна одбранбена битка што ја води Украина. Повелбата на ОН дозволува воени цели да бидат нападнати преку копнени граници“, рече претседателот на парламентарната комисија за одбрана на Финска. Јука Копра.

Позицијата на Финска се разликува од онаа на другите западни земји, вклучително и Германија, пишува „Политико“ и укажува дека германскиот канцелар Олаф Шолц не ја одобрува испораката на крстосувачки ракети со долг дострел „Таурус“ во Украина, плашејќи се дека оружјето ќе се користи за гаѓање цели длабоко во Русија, а со тоа и Германија ќе биде вовлечена во војната со Русија.

„Ја охрабрувам Германија сериозно да размисли за тоа“, рече Хакенен.

Слични содржини