149
Финска во вторник официјално ќе стане членка на НАТО, најави финскиот претседател Саули Нинисте.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја потврди информацијата и додаде дека овој потег ќе ја направи земјата побезбедна, пренесува „Ројтерс“.
„Ќе го подигнеме финското знаме за првпат овде во седиштето на НАТО. Тоа ќе биде добар ден за безбедноста на Финска, но и за безбедноста на НАТО во целина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.
Финска, која ја дели границата со Русија, поднесе барање за приклучување кон алијансата минатата година откако Путин ја нападна Украина.
Ова е прво проширување на НАТО од 2020 година, кога Македонија ѝ се приклучи на алијансата, потсетува „Скај њуз“.