Финска влегува во НАТО за неколку дена, најави Столтенберг

од Stefanija Kuzmanovska
118 прегледи

Финска ќе влезе во НАТО во рок од неколку дена по одлуката на Турција да го ратификува пристапот на земјата во западната одбранбена алијанса, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

„Сите 30 сојузници на НАТО сега го ратификуваа пристапниот протокол“, рече Столтенберг и додаде дека сега Финска формално ќе се приклучи на Алијансата „во следните денови“, изјави генералниот секретар, пренесе „Ројтерс“.

На 30 март турскиот парламент го одобри нацрт-законот со кој ѝ се дозволува на Финска да се приклучи на НАТО, со што се отвора патот на земјата да се приклучи на западната одбранбена алијанса додека беснее војна во Украина.

Турскиот парламент беше последниот од 30-те членки на алијансата кој го ратификуваше членството на Финска, откако Унгарија усвои слична легислатива претходно оваа недела, објави „Ројтерс“.

Прифаќањето на нова земја бара едногласна поддршка од сите членки.

Столтенберг претходно ја поздрави одлуката на турскиот парламент.

„Ова ќе го направи целото НАТО семејство посилно и посигурно“, напиша Столтенберг на Твитер.

Слични содржини