Финската премиерка: И политичарите имаат право на забава

од Берта Китинска

Сана Марин на денешната прес-конференција изјави дека напорно работи како премиер на Финска, но дека треба да има и право на приватен живот, откако фотографијата направена во нејзината резиденција на две топлес жени кои се бакнуваат, предизвика свежи критики за нејзиниот животен стил.

„Јас сум човек“, им рече Марин на новинарите во средата на конференцијата на Социјалдемократската партија, опишувајќи ја изминатата недела како „прилично тешка“.

На работ на солзи, таа изјави дека понекогаш копнее по „радост, светлина и забава во темните облаци“.

36-годишната девојка е најмладата шефица на влада во светот, избрана во 2019 година, која вели дека не пропуштила ниту еден работен ден.

„Сакам да верувам дека луѓето ќе гледаат што правиме на работа, а не што правиме во слободното време“, рече таа.

Рекла и дека не оставила „ниту една задача недовршена, па нема да остави ниту оваа“.

„Учам. Но си ја работам работата исто како и порано. Размислувам за Украина, размислувам за тебе и си ја работам работата“.

Марин се извини за фотографијата која првпат се појави на профилот на TikTok на моделот и инфлуенсер Сабина Сарка. На него се гледа таа и друга жена – не Марин – како се бакнуваат и држат маици со знак на кој пишува Финска преку градите.

“Мислам дека сликата не е соодветна. Се извинувам за тоа. Таква слика не требаше да се направи”, рекла Марин.

Извинувањето дојде откако Марин минатата недела се најде на насловните страници низ светот кога се појави видео на кое се гледа како таа пие и танцува на приватна забава, а некои медиуми објавија дека на забавата се користела и дрога.

Иако на новинарите им кажа дека никогаш не се дрогирала ниту видела некој како користи дрога на забава во нејзиниот стан во Хелсинки на 6 август, премиерката жнаправи тест за дрога „за да ги расчисти сите сомнежи“. Резултатот, објавен во понеделникот, беше негативен.

На прашањето дали би променила нешто во своето однесување, Марин вели дека таа лично не гледа ништо лошо во тоа „политичарите да го поминуваат слободното време со пријателите“. Таа рече дека останува на гласачите на изборите „да проценат дали е соодветно од нивна гледна точка и што мислат за тоа“.

Слични содржини