🎥Кинески производител фрли автомобил од 32 метри

од Vladimir Zorba

Едно од кошмарните сценарија за многу возачи е излетувањето на својот автомобил од високо. Иако тоа ретко се случува во секојдневниот живот, кинескиот производител на електрични автомобили Chery одлучи да го тестира својот Chery Exeed Exlantix ET. Тие со кран го кренале автомобилот на висина од 32 метри и го испуштиле.

Автомобилот паднал и со предниот дел удрил во земјата. Тестот за паѓање е екстремна проценка за безбедноста на автомобилот која симулира што би се случило доколку возилото падне од карпа. Може да ја тестира структурната цврстина и способноста да ги заштити патниците во екстремни услови на судир, според Index.

На видеото се гледа дека предниот дел од автомобилот е смачкан, но патничкиот простор не е премногу оштетен. Се чинеше дека и вратата можеше да се отвори нормално.

Chery Exceed Exlantix ET е водечки целосно електричен SUV на марката. Цените се движат од 199.000 до 329.000 јуани (од 25.500 до 42.200 евра).

Автомобилот користи батерија Shenxing од CATL која има домет од 400 km по десет минути полнење.

Слични содржини