194
Финска не гледа непосредна воена закана од Русија, изјави денеска премиерот на таа земја Петери Орпо на прес-конференција со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен и премиерот на Шведска Улф Кристерсон.
„Не гледам непосредна воена закана од Русија против Финска. Ние во Финска спиеме мирно ноќе затоа што сме добро подготвени“, им рече Орпо на новинарите во Стокхолм, пренесе Ројтерс.
Сепак, тој додаде дека сите членки на ЕУ и НАТО треба да се подготват за секое можно сценарио.
На 4 април минатата година Финска стана членка на НАТО, со што заврши историската промена во безбедносната политика на земјата предизвикана од рускиот напад врз Украина.