Фирмино подготвен за дуелот со Барселона

од Vlatko K
93 прегледи

Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино тренираше заедно со останатите соиграчи пред тимот да
замине за Барселона, каде утре „црвените“ ќе се соочат против шпанскиот гигант во првиот
полуфинален судир од Лигата на Шампионите.

Бразилецот го пропушти последниот натпревар на Ливерпул против Хадерсфилд минатиот петок, а
по дуелот, менаџерот Јирген Клоп изјави дека Фирмино има благо кинење на мускулот.

Долгата пауза на напаѓачот очигледно одигра своја улога и по се изгледа дека тој веќе е обновен и
најверојатно ќе влезе во групата за натпреварот на „Камп Ноу“.