Владата на денешната седница ги прифати сите препораки на Комисијата за заразни болести, по што теретаните и вежбалните во затворен простор ќе останат и натаму затворени.
„Согласно препораките на Комисијата останува забраната за работа на сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање на затворен простор, а дејноста може да ја обавуваат на отворен простор согласно соодветниот наменски протокол“, соопштија од Владата.
Исто така забраната останува и за организирање свадби, родендени, крштевки во затворените делови на угостителските објекти.
„Компаниите од угостителската дејност регистрирани за прослави (свадби, родендени, крштевки и слично) ќе можат да ја организираат работата само како ресторани на отворено, односно на терасите“, наведоа од Владата.
Новите мерки важат до 15 мај.