126
СВР Тетово информира дека вчеравечер (21 февруари) околу 20 часот и 30 минути, полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 27-годишниот гостиварец Џ.А. поради сомнение дека во текот на минатиот месец во семејниот дом во Гостивар физички ја нападнал неговата мајка.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот против него ќе следува поднесок, извести полицијата.