Никогаш нема досаден момент со Тајсон Фјури. На својот 34-ти роденден, актуелниот непоразен светски шампион во супертешка категорија на ВБЦ го потврди своето повлекување од професионалниот бокс.
„The Gypsy King“ го објави ова уште во април кога го победи Дилијан Вајт во борба за титулата на преполниот Вембли.
Но, после тоа во јуни најави дека ќе се врати во рингот за да се бори со подобриот од мечот Усик-Џошуа за титулата апсолутен светски шампион, а пред некој ден изјави дека би сакал повторно да се бори со Дерек Чисора.
Изгледа по сите нагаѓања решил да стави крај.
„Благодарам на сите што имаа влијание врз мојата кариера низ годините. По долги дискусии решив дека ова е дефинитивно крајот“, напиша Фјури.
Дали е навистина крај или уште еден маркетиншки трик на Фјури и неговиот тим, само времето ќе покаже.
MASSIVE THANKS TO EVERYONE WHO HAD AN INPUT IN MY CAREER OVER THE YEARS & AFTER LONG HARD CONVERSATIONS IV FINALY DECIDED TO WALK AWAY & ON MY 34th BIRTHDAY I SAY Bon voyage. HEARS A FEW WHO MADE IS SPECIAL ALONG THE WAY… pic.twitter.com/jNeF1CbBqm
— TYSON FURY (@Tyson_Fury) August 12, 2022