Кога Флорентино Перез и Реал (Мадрид) ќе се најдат во иста реченица, еден од првите зборови што
ни доаѓаат на ум е „галактико“. Претседателот на „белите“ е познат по привлекувањето на светски
фудбалски ѕвезди на „Сантијаго Бернабеу“.

Ова лето не е поинаку, досега клубот обезбеди нови играчи за 300 милиони евра.
Сега Перез се приближува до предизвикот, но со обратен прознак. Тој продолжува да прави
појдовни трансфери за 1 милијарда евра за време на неговиот втор период како претседател на
Реал, пишува „Марка“.
Од повторното заземање на позицијата во 2009 година, Реал продаде играчи за вкупно 730
милиони евра. Придонес кон ова е наглото зголемување на сумите на трансферите во последниве
години.
Минатото лето клубот од Мадрид се раздели со својата ѕвезда Кристијано Роналдо, кој на 33
години отиде во Јувентус за 105 милиони евра. Сега се очекува да биде поставена рекордна
продажба во рамките на еден преоден рок, а вкупната вредност на излезните трансфери од ерата
„Флорентино Перез 2“ да надмине 1 милијарда евра.
Во основата е целосна промена во составот на Реал по враќањето на Зинедин Зидан. Според
„Марка“ во трансферниот список се речиси целиот тим играчи, меѓу кои Герет Бејл, Хамес Родригез,
Матео Ковачиќ и голманот Кејлор Навас.
Уште по доаѓањето на Зидан се проговори дека времето на Бејл на „Сантијаго Бернабеу“ е готово.
Неговата продажба е и најкомплицирана, бидејќи Реал очекува најмногу пари од овој договор.