Флорентино Перез побарал средба со Карло Анчелоти

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ќе одржи состанок со тренерот Карло Анчелоти поради неодамнешните проблеми на тимот, пренесува „Марка“. Истиот ќе се одржи деновиве пред следниот натпревар кој е в недела против Хетафе.

Во средата вечерта „кралевите“ беа поразени со 2:0 од Ливерпул во Лигата на шампионите, каде веќе имаат три порази. Одделно, оваа есен тимот беше понижен од Барселона (0:4) среде „Бернабеу“ во шампионатот, што дополнително отвора прашања за работата на тренерот.

Според изданието, во оваа фаза на Анчелоти не му се заканува отказ, но Перез сака да разговара со него што се случува.

Тимот веќе е навлезен во исклучително тежок распоред, откако ќе треба да одиграат најмалку шест натпревари во следните 24 дена.

Слични содржини