ФОКУС: Горан Грујевски е клучна енигма во случајот Крпач

од desk3
92 прегледи

Шефот на Петата управа на УБК, Горан Грујевски очигледно можел, со сите оперативци на терен и со контрола врз системот за следење комуникации, да знае дека Крпач остварил контакти со специјалните обвинители и што конкретно им понудил како документација и како сознание- пишува Фокус во најновиот број.

mvr1

Упатени полициски извори пренесуваат дека Крпач наводно стоел и зад една градежна фирма, која била ангажирана при градежни интервенции во УБК и за набавка на опрема, инсталации и тековно одржување.

Така доаѓа и до вработување на неговата сопруга во УБК. Фирмата добивала на тендерите во МВР и наплатувала високи суми.

Заев за „Франс прес“: Знам дека избори нема да се одржат на 5 јуни

Познавачите велат дека Крпач покажувал особен интерес за техничката опременост на УБК и демонстрирал знаење кога се зборувало за активностите на управата.

Дури, тој имал сознанија за инсталирани сервери во приватни куќи што се користеле за лични, партиски или за бизнис-интереси.

Дали од оваа соработка почнуваат отворањата фирми во странство преку кои потоа се кријат и се перат пари?