Неделникот „Фокус“ донесува ексклузивни детали за „бомбата“ која од утре ќе пукне,како што во петокот по Централниот одбор на СДСМ, најави партискиот лидер Зоран Заев.
fokus(1)

Како што пишува новиот број на неделеникот, петмина припадници на безбедносните служби во МВР задолжени за следење на комуникациите му откажале послушност на врвот на полицијата. Тие сметале дека се претерало во следењето, и со загриженост за иднината на државата архивирале голем дел од прислушуваните комуникации кои стигнале до лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тие документи се дел од информативната „бомба“ на Заев, во која според опозицијата има докази за криминал, корупција, фалсификување избори, скандалозни разговори меѓу Јанкулоска, Ставрески и Груевски.

Слични содржини