Фон дер Лајен: На ​​Европа и треба сила за да го зачува мирот

од Vladimir Zorba
28 прегледи

Европа отсекогаш била и ќе биде проект на мирот, но за да се зачува мирот потребна е сила, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Во интервју за Corriere della Sera, таа рече дека европскиот план за вооружување, сега познат како „Подготвеност 2030“, „гледа на различни димензии на безбедноста и алатки за мировно зачувување“.

„Подготвеноста 2030 е огромен инвестициски план во иновации, во истражување и развој, во иновативни стартапи. Тоа е инвестициска програма која ќе го зголеми просперитетот“, нагласи фон дер Лајен.

Слични содржини