82
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ги уценува Австрија и Европа обидувајќи се да го прекине снабдувањето со гас.
Во врска со спорот меѓу австриската нафтена компанија ОМВ и рускиот Газпром, што резултираше со прекин на испораката на гас, таа сподели дека складиштата за гас низ ЕУ се полни.
„Тој се обидува да ги уценува Австрија и Европа со прекинување на испораката на гас. Подготвени сме за ова и подготвени сме за зимата. Магацините за гас низ ЕУ се полни. Како што му реков на Карл Нехамер, Европа од вчера е обединета во поддршка на Австрија“, напиша таа.