Фон дер Лајен: С. Македонија и Бугарија може да имаат добра соработка за доброто на луѓето

од Nikola Popovski
157 прегледи

Шефицата на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен се огласи после трилатерлната средба во Софија со македонскиот и бугарскиот претседател, Стево Пендаровси и Румен Радев. Таа го поздрави позитивниот моментум помеѓу Бугарија и Северна Македонија.

-Тоа доведе до почеток на процесот на пристапни преговори со Северна Македонија. Сега, исто така, тоа може да води до добра соработка за доброто на луѓето, на пример за енергија, напиша Фон дер Лајен на својот Твитер профил, објавувајќи видео снимка од средбата со Пендаровски и Радев.

Како што претходно сподели Пендаровски, на средбата било разговарано за текот на европските интеграции на Северна Македонија и натамошните фази во преговорите, како и за енергетската криза со чии предизвици се соочува Европа.

Претседателот посочил дека Северна Македонија очекува поддршка од ЕУ за справување со енергетската криза и ја истакна важноста од меѓусебна поддршка за јакнење на регионалната енергетска безбедност.

Слични содржини