Фон дер Лејен фаворит за втор мандат на чело на Европската комисија

од Vladimir Zorba

Урсула фон дер Лејен моментално е фаворит за втор мандат на чело на Европската комисија и се чини дека ниту еден друг кандидат нема шанса да ја замени кога лидерите на ЕУ ќе се сретнат следното лето за да одлучат за назначувањето на нови шефови на европските институции, пишува „Политико“.

Минатата година извесен период се чинеше дека кандидатурата на Урсула фон дер Лејен за втор мандат како претседател на Европската комисија може да пропадне.

На непланираното патување во Израел минатиот октомври, Фон дер Лејен, стоејќи до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, изрази безрезервна солидарност во борбата на Израел против Хамас.

Слични содржини