Фон дер Лејен: Нема да ни биде лесно во наредните месеци, ќе одговориме на сите кризи

од Stefanija Kuzmanovska
200 прегледи

Ние не само што ѝ даваме на Украина финансиски средства да ги продолжи економските активности, туку ѝ даваме и сигурност за следните четири години. Помошта ќе можеме да ја исплатиме веќе во март, рече Урсула фон дер Лејен, претседателка на Европската комисија во своето обраќање во Стразбур.

Таа најави и дека ЕУ ќе продолжи да се бори против миграцијата и да ги штити своите граници.

„Ќе одговориме на сите кризи! Со овој буџет, ЕУ има средства да се справи со некои од најголемите предизвици“, истакна Фон дер Лејен.

Во своето обраќање таа се осврна и на големите протести на земјоделците ширум ЕУ. Имено, селаните се особено загрижени за еколошката и трговската политика на ЕУ поради нивното наводно негативно влијание врз земјоделството.

„Тие се првите кои ги чувствуваат последиците од климатската криза, а го чувствуваат и ефектот на руската агресија врз Украина, инфлацијата и растот на цените. Без разлика на сето тоа, тие напорно работат за да ни обезбедат храна и ние треба да ги цениме за тоа. Ќе ги слушаме, знам дека се загрижени за својата иднина, но мора да одат кон поодржлив начин на производство и сакаме да се погрижиме да продолжат да работат“, наведе претседателката на ЕК, додавајќи дека ја анализираат ситуацијата и со оглед на тоа кои опции постојат за помош на земјоделството.

„Нема да ни биде лесно во наредните месеци, но на земјоделскиот сектор му треба долгорочна перспектива. Волјата е важна“, заклучи таа.

Слични содржини