Фон дер Лејен објасни што значи „де факто“ признавањето на Косово, кое се бара од Србија

од Stefanija Kuzmanovska
306 прегледи

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен се обратија до јавноста по средбата во Палатата Србија. Фон дер Лејен во оваа прилика објасни што значи „де факто“ признавањето на Косово, кое претходните денови неколкупати го споменуваше како услов за Србија, пренесе „Нова.рс“.

Таа се осврна и на насилниот напад на северот на Косово, во градот Бањска и наведе дека истиот е целосно неприфатлив.

„Сторителите мора да бидат изведени пред лицето на правдата, мора да сносат одговорност. Тоа е клучно за двете страни. Затоа е важно Србија да го поддржи Статутот на ЗСО, а Косово мора да го спроведе тој Статут. Дополнително, Србија мора да почне да ги спроведува постоечките договори и да не губи време на тоа. Вистинското место да се разговара за ова е дијалог со посредство на ЕУ. Тоа е единствениот начин“, оцени Фон дер Лејен.

Одговарајќи на новинарско прашање што значи барањето на ЕУ за де факто признавање на Косово од страна Србија, Фон дер Лејен рече:

„За што станува збор? Станува збор за имплементација на Охридскиот договор. Тој предвидува одредени чекори, како што се признавањето на документите, институциите, а од друга страна оди заедно со формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство, што Косово треба да го спроведе. Ова ќе го отвори патот за нормализација на односите“.

Вучиќ потоа наведе дека мора да истакне една работа, а дека за тоа не е виновна Фон дер Лејен“.

„Приштина во изминатите 11 години имаше само една обврска, а тоа е да формира ЗСО и не ја формираше. Имавме документи, четири документи поврзани со ЗСО, ниту еден не беше спроведен“, објасни српскиот претседател.

Слични содржини