Фон дер Лејен поддржува преговори со Северна Македонија

од Vladimir Zorba

Новизбраната претседателка на Европската комисија, говорејќи пред Европскиот парламент во Стразбур, истакна дека целосно го поддржува предлогот за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија.

Фото: Борче Поповски

– Процесот на пристапување нуди единствена можност за промовирање и споделување на нашите основни вредности и интереси, потенцираше таа.

Фон дер Лајен, при претставувањето на програмата и составот на новата Европска комисија, рече дека вратите на ЕУ за Западен Балкан остануваат отворени.

-Треба да им покажеме на нашите пријатели на Западен Балкан дека споделуваме ист континент, иста историја, иста култура и ја делиме истата судбина. Нашите врати остануваат отворени, рече Фон дер Лајен, повторувајќи го она што го кажа во јули исто така пред ЕП, кога ја претстави својата програма.

Таа ја потврди европската перспектива на Западен Балкан и продолжувањето на реформскиот процес за целиот регион.

Слични содржини