Фондација Заев: СAE Тигар е синоним за обученост, имаме успешна жена специјалец која ја брани македонската безбедност (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
279 прегледи

Да се биде полицаец значи да се биде доследен на својата професија, чесно и одговорно да се извршуваат професионалните задачи и да се биде пример за сите граѓани. Полицијата е наш  бескомпромисен чувар на законот и јавната безбедност, соопштија од Фондацијата „Заев-едно општество за сите“, претставувајќи ја третата епизода од серијалот „Успешни приказни“.

Од Фондацијата нагласуваат дека Специјалната Антитерористичка Единица Тигар е синоним за обученост според највисоки стандарди кои ги налага борбата против тероризмот и насилниот криминал спроведувајќи највисоки борбено-технички задачи.

-Припадниците на оваа единица се свесни какви ознаки носат на својата униформа и дека таа чест и привилегија од секој нејзин припадник бара крајно професионални и специфични вештини.

Како припадничка на САЕ Тигар, Виш инспектор и преговарач, со нејзината успешна приказна, нејзиното знаење и искуство е подготвена да одговори на сите предизвици и воедно да докаже дека во нашата земја може да се успее и како специјалец и како жена, објавија од Фондацијата на поранешниот премиер Зоран Заев.

Слични содржини