Forbes пророкуваше што да се очекува oд Русија во 2017 година

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Победата на Доналд Трамп на изборите во САД, а исто така и големите енергетски договори со Јапонија и Катар, покажуваат дека Москва ќе игра водечка улога во дипломатската и деловна сфера во 2017 година, се тврди во публикација на Forbes.
Дводневната посета на Путин во Јапонија на 15-16 декември може да послужи како поттик за секој кој сака да прави бизнис во Русија следната година, смета авторот на публикацијата. Тој истакнува дека за време на средбата се склучени 60 економски договори.

“Во иднина милијарди долари ќе минуваат меѓу Јапонија и Русија, тие ќе бидат потрошени за приноси, изградба на уште една фабрика за течен гас на Сахалин и гасовод до остров Хокаидо” – се вели во публикацијата.

Како што пишува Forbes, одлуката на Абе да го покани Путин на гости сведочи за очајна желба да се зајакнат односите со Русија.

Во корист на Москва ќе игра и победата на Доналд Трамп во изборите и издигнување на поранешниот шеф на Exxon Рекс Тилерсон за државен секретар, се вели во статијата.

Кон Русија исто така се обраќа и Катар, што може да доведе до засилување на улогата на Москва, смета авторот на публикацијата. Во декември Инвестицискиот фонд на Катар заедно со компанијата Glencore потпишаа договор за стекнување на 19,5% од компанијата “Роснефт”.