Милиони го поддржаа Ердоган на митингот во Истанбул.

Мустафа Кемал Ататурк, основачот на секуларната турска република, која ја замени исламската Отоманска империја, почина во 1938 година, но Турците уште се дефинираат себеси како про- и антикемалисти – иако жените не се обврзани да велат ништо, бидејќи нивните шамии, или недостатокот на таквите, ја покажуваат нивната верност. Кампот на антикемалистите кој сака да ја обнови Турција како исламска држава, секогаш бил поддржан од помалку образованото мнозинство од населението на државата, но до 2012 година беше држен цврсто под контрола на турскиот офицерски корпус, чија обединувачка “кемалистичката” идеологија беше апсолутно секуларна. Она што ја расипа таа рамнотежа, беше победничкиот сојуз на исламистите популисти, воден од образовани како реткост поранешен фудбалер Реџеп Тајип Ердоган, и образованите во универзитети следбеници на Фетхуллах Гулен, религиозен претприемач од висока класа, чии приврзаници создадоа над 1.000 училишта – од Тексас до Ташкент, како и десетици универзитети, студентски сали и институти за професори.
Талентот на Ердоган беше и е да ги обединува масите кога повикува нивната муслиманска идентитет против сите дојденци од Западот како целина до подобро образованите, помалку благочестиви сонародници Турци; во 1999 година тој помина неколку месеци во затвор, откако беше осуден за разгорување на верска омраза.
Победничка формула на Гулен беше да собира средства од верниците, за да нуди бесплатно, или со намалена цена, можност за едукација во училиштата, претставувана како целосно секуларна. Навистина, со акцент на изучувањето на науката, при што исламските практики се распространуваа многу постепено од пријателски убедување во лични разговори и малку поголеми колку за ученик. Согласно правилата на Ататурк турските универзитети беа целосно секуларни, забрануваат носење на исламски шамии и било каква форма на обожување во просториите. Но при оскудни и скапи студентски домови во турските градови, ѓуленистичките градби кои нудат бесплатни места, служеа за конверзијата на десетици илјади дипломирани студенти во негови верници, многу од нив подготвени да дадат придонес по дипломирањето, како кога го даваат својот удел во фондовите, помагајќи за создавање на училиште или настава во нив, или со работа во медиумите за подобро влијание.
Други правеа дури и повеќе, успешно навлегуваа кај турските офицерски средини ги надитрија нивните избричени и без шамии глави , правила со благословување на Гулен, кој без сомнение го оправдуваше таквото преправање со сопствената интерпретација на исламскиот принцип на taqiyah (принцип овозможува на следбениците да ја прикриваат нивната религија, кога им се заканува прогон или принуда).

Па кога Партијата на правдата и развојот (АКП) на Ердоган победи на изборите во 2002 година, таа беше во можност да ја управува Турција успешно, останувајќи на власт досега, наместо да биде принудена да се распушти по наредба од војската, како што се случи во претходните обиди за формирање на исламистички влади. И не скандалџиите и провинциалистите на Ердоган им ги исполнија економските политики на АКП, туку надлежните технократи на Гулен, постигнувајќи добри резултати, што ја обесхрабри војската да интервенира заедно со напорниот европски притисок во името на демократијата и будноста на маскирани Гуленисти во офицерскиот корпус . Она што ја уништи Унијата, беше умерената природа на исламот на Гулен – неговото кредо навистина прифаќа соживот со други монотеисти, вклучувајќи ги муслиманите кои не се сунити, и целосно им го забранува секој облик на насилство во името на религијата против паганите .
Но за Ердоган и неговите колеги од јадрото на АКП, такви како поранешниот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу, исламот е нешто сосема друго: сунитскиот ислам е единствената религија која воопшто има право да постои. Освојувањето на планетата од нејзина страна треба да биде потпомогнато со сите можни средства, од задолжително верско образование во Турција (постигнато со затворање на повеќе световни училишта) до користењето на каков и да е судир со насилство на сунитите во борбата против не-сунити насекаде во светот, од “Хамас” во Газа до гранките на “Ал каеда” во Сирија и Ујгурите во Кина. Затоа Ердоган премолчено ја поддржуваше Исламската држава колку што можеше, првично забрануваа користењето на воздухопловната база Инџирлик против групата и дозволувајќи им на турските трговци да увезуваат нафта (не е случајно што кога некои турски камионџии беа киднапирани од групата, тие не беа обезглавени, туку ослободени). Дури и кога премногу претерувања извршени од ИД го , принудија Ердоган да им овозможи на САД да извршат воздушни напади од Инџирлик, турските воздушни сили ги бомбардираа само Курдите. Поради специфичниот сунитска идентитет, врските на Турција со шиитски Иран – и со Сирија на Башар Асад, навидум шиитски алевитски сојузник на Иран – секогаш биле затегнати покрај нивната заедничка омраза кон Запад (за одбележување е дека Давутоглу и Ердоган никогаш не користат популарното дефиниција “Алевит”, за да ја опишат религијата на лидерот на Сирија, туку “Нусајри”, епитет за еретици меѓу локалните сунити).
Кога ќе се сретнат со Ердоган и Давутоглу европските колеги и американскиот претседател Барак Обама гледаат костуми “Армани” и слушаат стандардниот јазик на државното управување. Но околу 2009 година Гулен сознзава дека помогнал да се роди едно чудовиште, таен екстремистички исламистички режим, кој ќе ја уништи Турција и ќе им наштети на исламот кога ќе започне со насилство кавги со сите свои соседи, што соодветно и се случи.
Ѓуленистите во полицијата и правосудството се обидоа да го решат проблемот во 2013 година и да го соборат Ердоган и голем број негови министри по целосно објасниви обвинение за корупција: и нема никакво друго објаснување за милијардите долари акумулирани од семејството на Ердоган. Но, наместо да поднесе оставка, Ердоган нареди ненадејно разрешување на вмешаните обвинители и полицајци, разумно потпирајќи се на безусловната поддршка на базата на својата исламистичка АКП; владеењето на правото, на крајот на краиштата, е западна концепт за која најревносните поддржувачи на Ердоган знаат малку и не им е гајле.
Ердоган го возврати ударот, осудувајќи ги “паралелните структури” на ѓуленистите внатре во Владата и вооружените сили и отфрли колку што е можо повеќе од неговите шпиони – или едноставно оние кои му се восхитуваат и подредените – кои можеа да ги идентификуваат за него, додека второ бече затворањата поврзани со Гулен банки, фирми и медиуми, вклучувајќи го и “Заман”, весникот со најголем тираж во земјата. Бидејќи немаше листи со членовите – да бидеш ѓуленист е начин на размислување – она што следи, не беше апсење на луѓе, туку лов на вештерки, кој се прошири како подрачје со доаѓањето на повеќе поткажувања, многу од кои несомнено мотивирани од лични непријателства или амбиции за кариера. Уште 2500 , обвинители и судии беа на пат да бидат отпуштени, кога се случи смислениот удар на 15 јули. Тоа, од своја страна, ги ослободи од ограничувања лимитите на Ердоган, за масовни отпуштања и апсења дури и пред прогласувањето на воена состојба, атак врз целиот апарат на турската држава, вклучително и вооружените сили, кои загубија 87 од 198-те генерали од армијата, 30 од 72-Вама ВВС генерали, 32 на 55-те адмирали од флота, седум од 32-та во командата на жандармеријата, како и единствениот адмирал во крајбрежната стража, како и 1099 пониски по ранг офицери. За земја која не на шега се бори со милитантен Курди, поврзани со Курдската работничка партија (ПКК) и, барем на зборови се бори со “Исламска држава”, ова се катастрофални загуби.
Што се однесува до националната економија, конфискувањето и парализирањето на многу големи и мали бизниси доведоа до големи штети, па дури паднаа и приходите од туризмот. Сигурно ќе има и повеќе штета, бидејќи на клучни државни позиции ќе бидат истакнати помалку образовани, погрешно образовани и необразовани АКП борци кои ќе ги заменат отпуштените или уапсени наводни ѓуленисти.
Ататурк не би било изненаден: Тој беше убеден дека исламот во каква и да е форма ќе јапогуби Турците.
———-
Едвард Лтуак “Форин полиси”.