Формиран е тим кој ќе го организира превозот на жртвите во несреќата

од Nikola Popovski

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вечерва информира дека Владата формирала тим, кој ќе има за цел да го организира превозот на жртвите од автобуската несреќа од Бугарија.

-Примарно за идентификација на телата е обезбедувањето на биолошкиот материјал од страна на роднините на починатите. Тоа е веќе обезбедено за да можат да продолжат со активности. Според проценките на експертите од Северна Македонија и Бугарија, кои што работат во судска медицина се очекува за седум дена да се заврши целосната идентификација. Нашите институциите се во постојана комуникација. МВР има посебен штаб, рече Спасовски во гостувањето на Дневникот на МТВ 1.

Министерот пред два дена на прес-конференција најави дека трошоците и организацијата околу враќањето на телата на жртвите во несреќата, ќе бидат на товар на државата.

Слични содржини