По извршениот вонреден инспекциски надзор на ДСЗИ, денес на барање на министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити формирана е комисија за стручен надзор во врска со случајот со родилката која скокна од првиот кат на скопска Гинекологија.
Комисијата за стручен надзор, составена од двајца гинеколози, психијатар, клинички психолог и претставник од МЗ има задача да изврши надозр над стручната работа во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство во врска со лекарскиот третман на родилката.
По добивање на извештајот од стручен надзор јавноста ќе биде информирана за констатираната состојба. Исто така, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно извештајот на ДСЗИ.
ДСЗИ вчера утврдил пропуст за родилката. Како што велат, дежурните лекари на гинекологија кои биле на смена кога родилката во неделата се обиде да си го одземе животот не инсистирале на преглед од страна на психијатар, иако родилката имала знаци на вознемиреност.