Форсираниот марш на Ердоган кон претседателски систем ги зголемува тензиите

од Vladimir Zorba
78 прегледи

 

Јаху Њуз – Сан Франциско

Форсираниот марш на турскиот претседател Ердоган кон референдум за проширување на неговите надлежност се состои во сурови репресии против опозицијата, со што се задлабочува поларизацијата во земјата и тензиите со Европа, велат аналитичарите.

По обидот за државен преврат на 15 јули турските власти презедоа масовни чистки кои го надминуваат следењето на осомничените пучисти и ја зафатија и главната курдска партија Демократска партија на народите (ХДП), чии котпретседатели беа уапсени, но и опозицискиот весник „Џумхуриет“.

Како знак за влошувањето на односите меѓу Анкара и Брисел турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу го осуди „лицемерието“ на претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, кои изрази загриженост поради апсењето на пратениците Курди под обвинение за врски со сепаратистичките бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК).

Според повеќе аналитичари турската Влада ја активира борбата против курдските бунтовници за да ја добие довербата на националистичката десница, чија поддршка во Парламентот е неопходна за свикување на референдум за уставна реформа со која се воведува претседателски систем на управување, кој Ердоган го сака.

По спречениот обид за преврат, Владата ги забрза нештата и референдум по ова дпрашање може да се одржи на пролет во 2017 гофина, сметаа набљудувачите.

Партијата за националистичко дејствување (МХП) посочи дека ќе ги поддржи чекорите на Владата ако „се покаже разбирање за за прашањата што таа ги смета за чувствителни“. МХП ги одобри апсењата на курдските пратеници, кое нејзиниот лидер Девлет Бахчели го поздарви со зборовите „Не жалиме за тоа“.

За Сенер Чагаптај од Вашингтонскиот институт за блискоисточни политики нема никаков сомнеж дека преговорите со МХП го мотивираат Ердоган да заземе „многу тврда“ линија кон курдската опозиција и бунтовниците од ПКК.

– Можеме да очекуваме дека Ердоган во следните шест месеци ќе ја заземе позата на моќниот човек на десната и националистичка програма, рече тој за АФП.

Курдската ХДП, чии копретседатели Сељахадин Демирташ и Фиген Јуксек и неколку пратеници беа притворени поради „терористички активности“, тврди дека плаќа висока цена за жестокото противење против трансформирањето на парламентраниот во претседателски систем.

– Ние го сопревме Ердоган на неговиот пат кон претседателски систем, рече за АФП еден од потпретседателите на ХДП, Хисар Јузсој. – ХДП е основната пречка и треба да биде остранета, истакна тој.

Апсењето на пратениците од ХДП предизвика бран од демонстрации во земјата. Полицијата за борба против тероризмот со солзавци и водени топови ги растера курдските демонстранти во Истанбул.

Одговорни турски претставници сметаат дека постои итна неопходност да се легализира ситуацијата која „де факто“ се наметна во Турција: Ердоган, чија претседателска функција теоретски е симболична, во пракса е најсилниот човек во земјата.

Според Абдулкадир Селви, турски новинар близок до властите, Владата има намера да организира референдум во април или мај за реформата со која се предвидува префрлување на извршните ингеренции од премиерот на претседателот, и истовремено свикување на претседателски и парламенттарни избори.

Со таа реформа, Ердоган „ќе биде крунисан на чело на државата, на Владата и на владејачката партија, објаснува Чагаптај.

Со друг прикриен повик до националистичката МХП, турскиот претседател изјави дека би дозволил враќање на смртната казна ако Парламентот го изгласа тоа, и покрај критиките од Европа.

Во извештај на Европската комисија, ЕУ го критикуваше „враќањето назад“ на Турција во однос на критериумите за членство, посебно во областа на слободата на печатот и правната држава.

Неочекуваната победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД би можела да оди во полза за турските раководители.

„Предизвикувачки“ е да се мисли дека Трамп ќе биде „помалку подготвен да запре по прашањата за правата и демократските вредности во Турција, објаснува за АФП Марк Пиерини, поранешен амбасадор на ЕУ во Анкара и истражувач во Фоднацијата Карнеги.

Во меѓувреме, политичката нестабилност и внатрешните тензии во Турција ги плашат пазарите. Како знак за тревога, турската лира загуби речиси шест проценти од вредноста во однос на доларот.