
Дали тоа се мажите со необични димензии? Или владеењето со најмногу креативни пози? Сосема не! Според истражувањето на списанието Socioaffective Neuroscience & Psychology, забавни и емоционални мажи се оние кои најчесто ја доведуваат партнерката до оргазам.
Истражувањето е спроведено меѓу 103 жени без постојан партнер на возраст меѓу 20 и 69 години. Тие во период од 70 минути одговарале на прашања поврзани со сексуално минато.
Изгледот е на првите места меѓу факторите кои се причина жените да имаат повеќе од задоволително сексуално доживување. Но токму таму е и способноста на мажот да покаже внимание, емоционална топлина, инвентивност и верност.
Хуморот и пријатен мирис, исто така се во преден план на женската листа. Ако се прашувате зошто истражувањето е спроведено само меѓу необврзани дами, еве и одговорот. „Жените во врска се чувствуваат обврзани да го ценат својот партнер повисоко од реалната оценка“, појаснуваат од Socioaffective Neuroscience & Psychology