Самозадоволувањето кај мажите не е прашање само на забава.

Самозадоволувањето кај мажите не е прашање само на забава или на непосреден недостаток на партнерка – резултатите од големата американска студија покажуваат дека редовно практикување е корисно за здравјето, пишува “Дејли стар”.
Општо познато е дека “ослободувањето од напнатост” влијае поволно врз машкото расположение. Авторите на оваа студија од Харвард медицинскиот колеџ сепак утврдиле дека за претставниците на посилниот пол “еден оргазам на ден” е еднаква на намален ризик од рак на простатата.
За целите на истражувањето експертите ги анализирале податоци за сексуалниот живот на 32.000 здрави мажи, собирани во текот на 18 години. Последователно на 3.839 од нив била поставена дијагноза рак на простатата. Учесниците требало да одговараат на прашања од типот колку често во месеци добиваат оргазам.
Истражувачите утврдиле дека за мажите на возраст меѓу 40 и 49 години, кои ејакулира 21 или повеќе пати месечно, ризикот од развој на рак на простатата бил 22 проценти помал отколку за оние кои примале оргазам меѓу четири и седум пати месечно.
Откако зеле предвид и други фактори како исхрана и физичка форма, научниците дошле до заклучок дека редовниот оргазам е клучен за доброто здравје на простатата.