Студентите во еден од најдобрите универзитети во светот – Кембриџ, одлучија да рангираат кој од нив има најдобри задни делови.
За целта младите ги игнорираа предрасудите и ја симнаа сета своја облека, за да ги снимат задниците на различни локации во кампусот, соопштува Daily Mail.
На фотографиите се гледаат финалистите во безмилосна конкуренција. Кандидатите за предизвикот ги покажуваат задниците додека се сликаат до познати знаменитости, вклучувајќи древни покриви, универзитетска библиотека, пред кафетеријата, во просториите или пред штандот за пржена риба.
Натпреварот се нарекува “Cambridge best bum” и се одржува петта година по ред.
И додека до неодамна во престижниот универзитет имало трка на мозоци, еве денес има и трка на голи задници, наведува весникот.
Секој од учесниците останува анонимен. Се пријавува само што учи и на кој факултет е. Лицата на претендентите не се гледаат, а изборот за победник се добива со гласање во сајтот на студентскиот весник The Tab.
Видете ги во галеријата.