(ФОТО) Алек Болдвин повторно стана татко

од desk3
125 прегледи

1473747922-alec13092016-2

Алек Болдвин стана татко по четврт пат. Сопругата на 58-годишниот актер Хилјарија родила момче. Малиот ќе се вика Леонардо, соопштува списанието HELLO. “Среќни сме да ве запознаеме со нашиот син – Леонардо Ејнџел Чарлс Болдвин. Тој се појави на виделина на таков извонреден ден “, напиша 32-годишната мајка во Instagram под слика со новороденчето.

1473747926-alec13092016
Хилјарија станува мајка по трет пат. На 24 август 2013 година таа ја роди Кармен Габриел, а на 17 јуни 2015-та на виделина се појави нејзиниот син Рафаел Томас.

Од бракот со Ким Бесинџер, нејзиниот сопруг Алек Болдвин има една голема ќерка.

1473747926-alec13092016-1