Анџелина Џоли беше забележана за прв пат по поднесувањето на барање за развод од Бред Пит. 41 годишната актерка беше видена, заедно со нејзините 6 деца, кога тие посетија еден имот што се изнајмува, во Лос Анџелес.

Изворите соопштија за “ET” дека смејството претходно ја посетило плажата, пред да се упати кон куќата. Анџелина исто така беше придружувана од голема група телохранители и дадилки за децата.

“Децата трчаа наоколу и изгледаа среќно и во добра состојба” пренесува изворот.
Братот на актерката, Џејмс Хејвен беше исто така со нив, кој наводно сега има активна улога во воспитувањето на нејзините деца. Претходно еден од изворите за “People” извести дека “Џејмс е нејзината карпа и таа му верува”.

Минатата недела беше објавено дека Бред се расплакал кога ги видел неговите деца за прв пат по 3 недели, откако Анџелина го поднесе барањето за развод.
Веднаш по разделбата Џоли доби старателството врз сите деца. Привремениот аранжман за старателство истекува на 20-ти октомври што значи дека тие повторно треба да преговараат. Анџелина Џоли бара целосно старателство додека пак Бред Пит сака заедничко.
