(ФОТО) Археолозите пронашле уникатно откритие во Ерусалим!

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Израелски археолози открија уникатен мозаикот со натписи кои датираат од V век. Во него се посочуваат имињата на византискиот император Јустинијан и локален свештеник.

Ова откритие е пронајдено во стариот град на Ерусалим, објави АФП. Малку натписи од овој вид се откривани во регионот, иако тој е многу богат со археолошки наоди. Мозаикот е од 550 или 551 година и забележува создавање на храм за верници од локалниот свештеник Константин, кој служел во најголемата црква во Ерусалим.

Мозаикот е разоткриен и недопрен на длабочина од 1 м за време на рутинска археолошка проверка пред да бидат поставени комуникациски кабли потребни за областа. Лидерот на ископувањата е Дејвид Гуелман.