(фото) Баварец постави рекорд и покажа како може да се носат 29 пива истовремено

од desk3
96 прегледи

Баварецот Оливер Шрумпфел го подобри сопствениот рекорд за носење на пива. Пред погледот на десетици луѓе на фестивалот во Абенсберг Германецот пренесе 29 чаши на растојание од 40 метри. Првично тој пренел 27 големи чаши пиво на десетици метри. Потоа Оливер решил да го зголеми зафатот, односно пивата и се обидел да пренесе 31 чаши на 40 метри оддалеченост. Две сепак паднале, па  рекордот кој Германецот го поставил, е за пренесување на 29 пива на 40 метри.

Во минатата година, Оливер Шрумпфел пренесе одеднаш 25 пива на растојание од 40 метри. Оваа година тој го подобрува рекордот во пресрет на најголемиот пивски фестивал – Октоберфест, кој започнува во Минхен на 16 септември и ќе трае до 3 октомври.