Веројатно е многу пријатно да си бил дел од корица на светски албум, но кога на сликата си уште 4-месечно бебе настанува проблем. Никој не ти верува дека тоа си ти. Ова е една од причините поради кои Спенсер Елдон одлучил да направи римејк на сликата од легендарниот Nevermind на Нирвана.

Конкретен повод 25-годишнината од излегувањето на албумот.
“Му предложив на фотографот да се снимам гол, но тој одлучи дека ќе е премногу” – раскажува Спенсер пред New York Post.
“Чудно е да си направил нешто за пет минути, кога си бил само четири месеци, и тоа да стане култен слика. Истовремено е кул, но и некако непријатно дека ништо не се сеќаваш “- дополнува младичот, кој очигледно страда дека не му веруваат за сликата. За да биде убедлив, дури си го тетовирал на градите зборот Nevermind. Во 1991 година родителите на Спенсер добиваат само 200 долари за сликата наменета за албумот на непознатата тогаш група Нирвана. Рибарска кука и банкнотата се додадени подоцна дигитално. Спенсер е избран за сликата, бидејќи татко му во тоа време помага на фотографот Кирк Ведал за сценографијата и реквизити околу неговите проекти. Во почетокот се направени слики со неколку бебиња , но музичката компанија сакала варијанти со едно бебе.
The baby featured on Nirvana's "Nevermind" album cover recreated the iconic shot 25 years later https://t.co/BARM7vt7lM pic.twitter.com/r1uZBvxcE0
— New York Post (@nypost) September 25, 2016
Пред списанието TIME младичот се жали дека сите поврзани со албумот, добиле тони пари додека тој е игнориран. “Живеам со мајка ми и возам Honda Civic” – вели тој како доказ дека не живее луксузно. Спенсер Елдшн никогаш не се сретнал со уште живите членови на групата – Дејв Грол и Крис Новоселич. Неговите обиди да се поврзе со нив биле безуспешни. За римејк на сликата Спенсер исто добил 200 долари од фотографот. Пред 10 години тој повторно направи реконструкција на слики по повод 15-годишнината на албумот Nevermind, кој има над 30 милиони продадени копии и се смета за репер во гранџ лулка..