ФОТО: Бела се појави во фустан со длабоко деколте – погодок или целосно промашување?

од Stefanija Kuzmanovska
344 прегледи

Бела Хадид (26) блесна на доделувањето на наградите Golden Heart во Њујорк во едноставен, но многу ефективен фустан.

Имено, за оваа прилика манекенот облече креација која огромното деколте од романтичен ја претвори во атрактивен модел. Блескавата тоалета во А линија е необичен спој на елеганција и провокација.

Нејзиниот стајлинг предизвика различни реакции, додека многумина ја пофалија, имаше и такви кои помислија дека претерала.

Интересно е тоа што во еден момент на црвениот тепих ѝ се придружила нејзината мајка, ријалити ѕвездата Јоланда Хадид (58), во беж комбинација составена од ролка, хеланки и капут.

Слични содржини