(ФОТО) Бијонсе со политичка порака, ќерка си и накит од 12 милиони долари на МТВ наградите

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Поп ѕвездата Бијонсе ги покани мајките на убиените афроамериканци на церемонијата за доделувањето на овогодинешните музичките награди MTV. Нејзиниот проект “Formation” претендираше за најголемата награда.5038910

Облечена во долга сјајна сребрена тоалета и неверојатно количество накит, Бијонсе ја доведе и ќерка си Блу Ајви во Медисон Сквер Гарден во Њујорк. Пејачката стапна на црвениот тепих тивко заедно со мајките на афроамериканците Мајкл Баунти, Ерик Гарнер, Оскар Грант и Трејвон Мартин, чиј живот беше прекинат од полицајци под сомнителни и спорни околности.beyonce-mtv-video-music-awards-vmas-2016-arrivals-5-640x426

Мајките се појавија и во филмот на Бијонсе “Lemonade,” кој се преплетува со истоимениот албум.37AA111E00000578-3755431-Tutu_cute_Beyonce_brought_daughter_Blue_Ivy_as_her_date_to_the_M-a-51_1472425634223

“Formation” е првиот политички албум во кариерата на пејачката. Во еден момент видеото отсликува полицајци со кренати раце нагоре како да се уапсени.

ОСУМ НАГРАДИ ЗА БИЈОНСЕ НА МТВ ВИДЕО МУЗИЧКИТЕ НАГРАДИ

Оваа година Бијонсе беше номинирана за вкупно 11 награди, повеќе од било кој друг изведувач. Од нив освои осум награди, вклучувајќи ја и наградата за видео на годината, со што, според американските медиуми, ја потврди доминацијата на музичката сцена.Beyonce-to-perform-at-MTV-VMAs

Посветените пресметаа дека на церемонијата пејачката се појавила со прстени, обетки и друг накит во вредност од 12,600,000 долари.

awards-mtv-vma