(ФОТО) Бредли Купер и Лео ди Каприо на плажа во Малибу

од Vladimir Zorba

Бредли Купер и Леонардо ди Каприо не се снимале заедно, но двајцата се многу добри пријатели.

Ѕвездите се поврзани не само од љубов кон филмот, но и покрај нивниот вкус кон убавиците од Victoria’s Secret.

Двајцата актери биле фатени како одмараат во Малибу. Бредли бил сам, без своето дете и омилената Ирина Шејк, пишува Daily Mail.

Двајцата станаа родители на 21 март оваа година. Шејк и Купер имаат ќерка која ја крстија Леа де Сент Шејк Купер.

Фото: Daily Mail

Што се однесува до Леонардо, тој продолжува да трупа слава како маж, кој често ги менува своите партнерки.

Деновиве се обновија и старите гласини дека всушност ѕвездата од “Титаник” е тајно вљубена во сопругата од киното – актерката Кејт Винслет.

Двајцата беа уловени заедно прегрнати на плажа, но всушност актерите продолжуваат да ги негираат да има нешто друго меѓу нив, освен пријателство.

Всушност за новата девојка на Ди Каприо е поврзуван моделот Лорена Рае.

Фото: Daily Mail

Слични содржини