По повод големиот христијански празник Велигден , министерот Чулев придружуван од раководството на СВР Скопје во текот на изминатата ноќ ги посети колегите , распоредени на полициските пунктови во неколку скопски населби во општините Гази Баба, Зелениково и Кисела Вода.
-На големиот христијански празник Велигден, ги посетив колегите кои се на своите работни места, распоредени на полициските пунктови во неколку скопски населби. На полициските службеници од православна вериосповед со поздравот Христос воскресна!Навистина воскресна! ѝм го честитав големиот христијански празник Велигден, а на сите останати ѝм посакав да имаат мирна работна вечер.Тие ме информираа дека изминататата вечер на улиците на главниот град било мирно и без посериозно прекршувања на Законот, а граѓаните на Скопје ги почитуваат мерките за ограничување на движењето, Ѝм благодарам на сите за свеста и совеста што ја покажуваат во вакви важни моменти. На овој голем празник посакувам емпатијата, меѓусебната поддршка, почитувањето и разбирањето да бидат наши водилки во периодот што следи, изјави Чулев.